Растодер пред дуелот со Швајцарија: Вистинско време да го постигнам тој гол

Дерби

06/10/2026

11:33

175

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација денеска има тешко гостување кај Швајцарија во Б сегментот на Лигата на нации, а избраниците на Гоце Седлоски ќе се обидат да го поправат впечатокот од последните настапи и да стигнат до прв позитивен резултат во овој мини циклус.

Швајцарците досега ја потврдија улогата на фаворит во групата, еднаш веќе ја победија и Македонија, но Елмин Растодер смета дека ова е вистински момент да го постигне својот прв гол во националниот тим и да ги потсети нашите ривали на формата со која настапуваше во Тун.

Растодер ќе има неколку причини за задоволство доколку постигне гол во Луцерн, но најважно е да и помогне на репрезентацијата да остане барем непоразена во дуелот со фаворитот.

– Мислам дека ова е вистински момент за тој гол, – изјавил Растодер за швајцарските медиуми, алудирајќи на фактот што се уште нема гол во националниот тим и по повеќе од една година од дебито.

Истовремено со тоа би се гарантирал и крај на негативната серија без постигнат гол на Македонија во ова издание на Лигата на нации, а за Растодер тоа би бил прв гол и на стадионот во Луцерн, каде не успеал да реализира како член на шампионската генерација на Тун.

– На претходните натпревари ни недостасуваше креативност, гледавме и разговаравме како да го коригираме тоа изминативе денови. Не треба да се заборави и многу поголемиот квалитет на ривалите во Б сегментот, – изјавил Растодер.