Шкотската фудбалска репрезентација ја победи Македонија и дојде до првиот триумф во актуелното издание на Лигата на нации, истовремено обезбедувајќи му ја првата победа и на новиот селектор Себастиан Покоњоли.
Белгискиот стручњак по средбата истакна дека е задоволен од победата, но настапот на Шкотска не бил перфектен најмногу поради големиот број неискористени шанси.
– Многу сум задоволен од оваа прва победа. Мислам дека денес одигравме многу добро, создадовме многу шанси и зачувавме чиста мрежа, што исто така многу значи за екипата.
– Натпреварот беше добар, иако не беше сè совршено, бидејќи требаше да постигнеме повеќе голови. Боуви го постигна најтешкиот гол на натпреварот, навистина ми беше мило за него, бидејќи знам дека ќе започнеа критиките за тоа што не постигнува голови, – рекол Покоњоли.
Шкотска сега има четири бодови во групата, исто колку што има и Словенија, која денеска загуби од перфектната Швајцарија. Македонија е на последното место во групата без освоен бод по три натпревари.








