[ВИДЕО] Разиграниот Јакимовски испорача дабл-дабл, Наполи продолжи да победува

Дерби

04/10/2026

08:54

170

Големина на фонт

а а а

Наполи има одличен почеток на натпреварувачката 2026/2027, три натпревари, три победи во кои значен придонес имаше македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.

Најновиот успех на избраниците на Јасмин Репеша е во италијанскиот шампионат каде беше совладана Реџана со 99:93.

Домаќините имаа лош влез во натпреварот и првата четвртина ја загубија со 23:34, но веќе во наредниот период се поправија и на одмор заминаа со минимална предност од 50:49. Гостите продолжија да прават проблеми и по паузата, го добија третиот период, меѓутоа ова беше нова мотивација за домашните кошаркари кои одново се пробудија кога беше најпотребно и со 23:16 дојдоа до резултатот што го посакуваа.

Огромна заслуга за триумфот имаше Јакимовски со дабл-дабл од 17 поени и 10 скока, плус 2 асистенции.

Најефикасен на средбата беше гостинскиот кошаркар Росато со 21 кош.

Следно за Наполи е соочувањето со Будуќност во Еврокупот.