Силни експлозии во главниот град на Јемен; Хутите тврдат дека е саудиска агресија

Макфакс

02/10/2026

07:00

195

Големина на фонт

а а а

Војната во Јемен ескалира со силни воздушни напади во главниот град Сана, кои Хутите ги оценуваат како саудиска агресија. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја презема одбраната со пресретнување на ракети и беспилотни летала, додека конфликтот се интензивира во регионот.

Силни експлозии синоќа го потресоа јеменскиот главен град Сана, по извештаите за воздушни напади изведени од воени авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Сведоци изјавија за новинската агенција дпа дека експлозии се слушнале во различни делови на Сана, додека столбови чад се издигале во близина на претседателската палата и планината Ал-Нахдаин, лоцирана јужно од главниот град.

Телевизискиот канал на Хутите, „Ал-Масира“, објави дека „саудиската агресија“ ја таргетирала Сана, како и провинциите Саада, Таиз и Амран. Не беа дадени детали за целите или за обемот на штетата.

Коалицијата сè уште нема дадено коментар за пријавените воздушни напади врз Сана.

Воздушните напади уследија по соопштението на коалицијата предводена од Саудиска Арабија дека пресретнала две балистички ракети и четири беспилотни летала лансирани од Хутите кон градовите Хамис Мушаит и Џазан во јужниот дел на Саудиска Арабија.

„Продолжуваме со мерките насочени кон одвраќање на терористичката милиција на Хутите“, изјави портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, осврнувајќи се на нападите на Хутите.