Кривична пријава против двајца вработени во Итната помош во Тетово, не испратиле екипа кај повредено лице

Макфакс

22/10/2026

14:10

140

Големина на фонт

а а а

Двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово се соочуваат со кривична пријава поради неиспраќање екипа за да им пружи помош на повредено лице во селото Доброште.

Кривична пријава е поднесена против двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово, осомничени дека не испратиле екипа за да му укаже медицинска помош на повредено лице во селото Доброште.

Како што информираат од МВР, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „неукажување медицинска помош“.

Според полицијата, на 29 јуни 2026 година, првопријавената примила телефонски повик во Итната медицинска помош, но не испратила екипа за интервенција кај повреденото лице во селото Доброште.

За случајот го известила и второпријавениот, кој бил раководител во службата.