Тротинет удрил во 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

Макфакс

22/10/2026

14:10

106

Големина на фонт

а а а

Седумдесет и едногодишна жена од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет, а возачот го напуштил местото на незгодата. Во моментов се преземаат мерки за пронаоѓање на виновникот и расчистување на случајот.

Седумдесет и едногодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет на крстосницата на улиците Борис Трајковски и Емил Зола во Скопје. Возачот на тротинетот го напуштил местото на несреќата.

Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена на 20 октомври, околу 14 часот.

Повредената С.В.К. (71) од Скопје била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Полициска екипа извршила увид, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на тротинетот и за расчистување на случајот.