[ВИДЕО] Ова го има само на Балкан: Невидена сцена на свадба, младенците наместо торта го изнеле ова пред гостите

Точка

24/09/2026

16:21

1.105

Големина на фонт

а а а

Снимката од свадба која се појави на социјалните мрежи за рекордно време стана вирална и предизвика апсолутен хаос на интернет.

Додека повеќето парови со месеци внимателно ги избираат вкусовите, декорацијата и гламурозните повеќекатни слатки со шлаг и чоколадо, овие младенци решиле целосно да ја срушат традицијата и да направат нешто за кое ќе се зборува со години. Тие во најсвечениот момент од вечерта пред затекнатите гости изнеле нешто што нема ниту изглед ниту вкус на десерт!

Снимката од свадбата која се појави на социјалните мрежи за рекордно време стана вирална и предизвика апсолутен хаос на интернетот. На видеото јасно се гледа младоженецот во елегантно одело со машна кој, наместо слаткарска шпатула, гордо зел голем нож за месо и пред сите почнал да сече цело парче пршута поставен пред нив на метален држач.


Додека младоженецот внимателно го сече сувиот деликатес, невестата во венчаница стои веднаш до него со широка насмевка, видно среќна поради деликатесот што се нашол пред неа.

На ова парче месо уредно биле поставени и прскалки за што подобро да се долови свечената атмосфера.

Откриле од каде потекнува ваквата идеја

Самите младенци во описот на ова видео признале што се крие зад целата оваа несекојдневна идеја и како воопшто дошле на замислата свадбените слатки да ги заменат со суво месо.

„Долго размислувавме како моментот на сечење на тортата да го направиме поинаков и забавен и ова е нашата идеја. Како ви се допаѓа?“, искрено напишале овие иновативни младенци од Хрватска под објавата која преку ноќ стана главна тема во целиот регион.

Дали ова е раѓање на нов тренд кој ќе ги замени традиционалните обичаи на нашите простори или само еднократна, откачена шега за гостите, останува да се види. Едно е сигурно – овој потег е целосно невиден и успеа во намерата за оваа свадба буквално да зборува целиот Балкан! Младенците на крајот поставиле и едно директно прашање за сите што ја гледаат оваа снимка, а тоа гласи: „Топ или флоп?“.