Во Скопје, во општина Аеродром, полицијата приведе 30-годишен маж по тепачка во казино и напад врз полициски службеници, соопштија од СВР Скопје.
Ноќеска, во 03:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа 30-годишниот Д.Т. од Скопје, по претходна пријава дека во казино го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со 28-годишниот С.С. од Скопје, а исто така и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.








