Криста Пајк вратена во затвор по неуспешната смртна казна

Макфакс

10/10/2026

20:00

219

Големина на фонт

а а а

Американката Криста Пајк (50), осудена на смртна казна, е отпуштена од болница и вратена во затвор откако преживеала обид за погубување на 30 септември, пренесуваат медиуми.

Пајк, која последните 30 години ги поминала во затвор, ќе продолжи да добива медицинска нега, соопштија нејзините адвокати.

На 30 септември ѝ биле дадени две смртоносни инјекции со пентобарбитал, но таа преживеала и во критична состојба била пренесена во болница. Во вторникот се освестила и повторно почнала да зборува, што ги изненадило лекарите и адвокатите.

Нејзините први зборови биле: „Каде сум?“ и „Кои сте вие?“

„Благодарна им е на службите за итна помош и на медицинскиот тим за грижата што ѝ ја пружиле во овие вонредни околности“, соопштија адвокатите.

Засега не е познато дали властите во американската сојузна држава Тенеси ќе закажат нов датум за погубување. Судија наредил да се зачуваат сите докази поврзани со неуспешната егзекуција поради можноста за идна тужба против државата.

Пајк била осудена на смрт поради убиството на 19-годишната Колин Слемер, која во 1995 година, кога Пајк имала 18 години, ја претепала, мачела и убила заедно со тогашното момче Тадарил Шип.