Метеоролозите најавуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне, со променливо облачно време и локални врнежи кои ќе влијаат на повеќе региони, вклучувајќи го и Скопје.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.








