За една кригла - скоро 16 евра: Започнува Октоберфест, а цената на пивото се зголемила 400 отсто во последните 40 години

Точка

18/09/2026

20:06

244

Големина на фонт

а а а

Љубителите на пиво кои планираат да одат на Октоберфест оваа година ќе мора да ѕирнат подлабоко во своите џебови. Цената на еднолитарска пинта на познатиот фестивал во Минхен достигнува дури 15,90 евра, додека пред четири децении за истата количина мораа да се издвојат само 3,20 евра.

Според официјалните податоци од Октоберфест, цената на литар фестивалско пиво оваа година се движи помеѓу 14,80 и 15,90 евра, во зависност од шаторот. Ова претставува просечно зголемување на цената од 2,38 проценти во споредба со минатата година.


Што вели анализата од последните 40 години?

Сепак, споредбата со цените од осумдесеттите години изгледа многу поимпресивно.

Како што објави „SEEbiz“, повикувајќи се на анализата на главниот економист на „UniCredit Bank“ во Германија, според која во 1985 година просечната цена на литар пиво на Октоберфест била само 3,20 евра, кога цената во тоа време се конвертира од германски марки.


За нешто повеќе од четири децении, цената практично се зголемила петкратно.

Пивото стана поскапо од другите работи

Рис, исто така, укажува на интересен економски податок. Цената на пивото на Октоберфест се зголемила за околу 400 проценти од 1985 година, додека потрошувачките цени во Германија се зголемиле за приближно 120 проценти во истиот период.

Зголемувањето на цената оваа година, сепак, не е толку драматично. Просечната цена на литар е околу 15,61 евра, што е приближно 2,4 проценти повеќе од минатата година.


Најскапата пинта чини 15,90 евра и се продава во неколку фестивалски шатори, додека најевтината може да се најде за 14,80 евра.

Високите цени, според сите извештаи, нема да спречат милиони луѓе да го посетат Минхен. Во просек, на Октоберфест се пијат помеѓу шест и седум милиони литри пинти пиво.

Октоберфест оваа година трае од 19 септември до 4 октомври.