Најдобриот холандски тенисер: Не можам да го гледам Зверев, го тапка топчето 400 пати пред секој сервис

Дерби

18/09/2026

11:50

142

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев на најдобар можен начин го искористи недостатокот на вистинска конкуренција во Њујорк, па во отсуство на Јаник Синер и скромни изданија на Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, сигурни измаршира до трофејот на Ју-Ес Опен.

Саша ја придодаде својата втора грен слем титула во кариерата и се израдува на голем успех во САД, а иако голем дел од јавноста му доделува комплименти без оглед на околностите во кои стигна до титулата, има и такви кои не се воодушевени од неговиот стил на игра.

Зверев дојде до две титули во финалиња во кои за ривали ги имаше Коболи и Шелтон, а на Талон Грикспор посебно здодевно му било неделното финале на „Артур Еш“.

Најдобриот холандски тенисер во овој момент смета дека Зверев е досаден за гледање, но од друга страна, истовремено и иритантен поради техниката која ја користи пред првиот почетен удар.

– Гледавме просечно финале на највисока тениска сцена. Шелтон беше неконстантен со ударите во текот на целиот меч и му подаруваше по два или три поени на Зверев во секој гејм. Можеше да се забележи дека има огромен притисок поради првото грен слем финале во кариерата.

– Зверев исто така не беше извонреден, но сервисот го служеше одлично. Вториот сет беше клучен, но не го изгледав целиот меч. Имаше и други спортски активности во тој момент и тешко ми беше да го гледам Зверев. Посебно мислам на овој турнир, тој го тапкаше топчето 400 пати пред секој сервис, сметам дека тоа е претерано, – изјави Грикспор за „Де Телеграф“.