[ВИДЕО] Мајсторија на Меси во негов стил, Гризман „гази“ во МЛС лигата

Дерби

13/09/2026

14:00

194

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси постигна атрактивен погодок, но Интер Мајами повторно не успеа да забележи победа во МЛС лигата.

Најдобриот играч на клубот од Флорида даде мајсториски гол во негов стил во дербито против Нешвил, меѓутоа истиот не се покажа како доволен затоа што гостите се изборија за шанса во 91 минита и погодија за конечни 2-2.

Аргентинецот со 19 гола (плус 11 асистенции) е најдобар стрелец во шампионатот.

Антоан Гризман пак блеска по доаѓањето во САД и петти меч во низа реализираше за Орландо Сити, состав кој беше подобар од Торонто со 3-0.

Французинот го најави триумфот со голот во 45 минута, во вториот дел работата ја завршија Сарајиан и Ангуло. Инаку Гризман на последните пет средби за Орландо има 7 гола и 1 асистенција.