Бесниот Мурињо го откажа пресот, медиумите ја открија причината за таквиот необичен потег

Дерби

11/10/2026

11:02

386

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид со многу мака постигна еден гол на дербито против Вилјареал и победи благодарение на погодокот на Диоманде, но кога сите на „Сантијаго Бернабеу“ го прославија и вториот, повторената снимка покажа дека Винисиу Жуниор направил голема глупост.

Бразилскиот напаѓач го повлече за коса Салиба во зачетокот на акцијата и наместо гол, беше „награден“ со поништен погодок и директен црвен картон, па сето ова направи голема тензија која се провлекуваше на теренот до последниот судиски свиреж.

Жозе Мурињо иронично ги проследи одлуките на главниот арбитар Диаз Ескудерос, па по крајот на мечот, Португалецот се одлучи на бојкот кој потсети на неговите денови од првиот мандат во „кралскиот клуб“.

Мурињо ја откажа прес-конференцијата и не ги одработи своите обврски кон медиумите, а одлучи да не одработи и стандардно интервју за клупската телевизија на Реал Мадрид.

Понесен од бесот и негативната енергија и покрај победата, Мурињо претпочитал да не дава никаква изјава, бидејќи во моменти на голема тензија можел да каже нешто што ќе му донесе суспензија за двете дерби пресметки кои следат, оние со Севилја и Барселона во Ла Лига.