Манчестер Сити оствари победа на првиот меч во новата сезона во Лигата на шампионите и тоа на тешкиот терен на „Драгао“ кај Порто.
Премиерлигашот триумфираше со 2-0 и тоа со погодоците на напаѓачот Ерлинг Халанд во 47 и 91 минута. Норвежанецот ја понесе наградата за играч на натпреварот, но тој извои еден негов соиграч за кого ова беше прв старт во дресот на „граѓаните“ - Ајуб Буади.
- Мислам дека одигра одлично. Во последните недели му кажав на претседателот на клубот за време на тренингот дека е неверојатен. Имаме вистински бисер, - истакна Халанд кој и го искритикува Мароканецот за една ситуација.
- Искрено, мислам дека требаше да ми ја додаде топката во второто полувреме кога бев сосема сам. Малку бев изнервиран, па ќе му кажам сега: одигра добро, освен тоа додавање, - заврши голгетерот.








