Медведев прегазен на Ју-Ес Опен, Шелтон закажа дерби со Алкарас

Дерби

07/09/2026

10:49

165

Големина на фонт

а а а

За многумина Данил Медведев важеше за еден од топ фаворитите за пехарот на Ју-Ес Опен во отсуство на Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ кој едноставно не може веќе да го испорача она што се очекува од него, но и поранешниот освојувач на овој грен слем се „сопна“ и тоа во осминафиналната рунда.

Имено Медведев беше надигран и потопен од домашниот тенисер Френсис Тиафо со 3-0 во сетови. Американецот беше на повисоко ниво особено во клучните моменти и со 7-6(1), 6-4, 7-6(6) дојде до една од најзначајните победи во сезоната.

Во наредната рунда Тиафо ќе се соочи со сонародникот Алекс Микелсен.

Бен Шелтон пак потврди дека е во одличен ритам, форма и си поигра со Стефанос Циципас. Шелтон му одржа лекција на Гркот славејќи со 6:2, 6:3, 6:4, резултат кој го носи на мегдан со бранителот на пехарот Карлос Алкарас.

Шпанецот води во меѓусебните дуели со 3-0, ама ова може да биде сериозен предизвик за него затоа што се соочува со ривал кој е расположен за игра и ривал кој игра на „домашен терен“.