Видео од жена која сама ноќе се движи низ Варшава предизвика дебата на социјалните мрежи.
Снимката на платформата Икс собра повеќе од 750.000 прегледи, а корисниците дискутираа за безбедноста на жените, разликите меѓу европските градови и за тоа колку личното искуство може да влијае врз перцепцијата за безбедноста.
„Поминав пет километри пеш“
Вероника Роговска се снимила за време на вечерна прошетка низ полската престолнина. Таа вели дека околу 22 часот сама поминала пет километри пеш и дека во текот на целиот пат не доживеала ниту една непријатна ситуација.
„Јас сум русокоса и сама сум овде во Варшава. Штотуку сама поминав пет километри пеш во десет часот навечер и се чувствував целосно безбедно“, рекла таа во видеото.
In Poland, women jog alone in parks at 11 PM and walk home after midnight with zero fear.
— Weronika Rogowska (@Rogowskawero) August 15, 2026
This is what national sovereignty + secure borders look like — the policies the West calls “racism.”
Safety isn’t a hashtag.
It’s choosing your own people first.
Real life. Just… pic.twitter.com/oaDOAlCLpW
Своето искуство го споредила со престојот во Брисел, Берлин и Париз. Таа тврди дека во овие градови, дури и за оддалеченост од само еден километар од сместувањето, повеќе би сакала да повика Убер. Разликата ја поврзала со политиката кон границите и го отворила прашањето дали постои поврзаност меѓу таквите политики и расизмот.
Видеото ги подели корисниците
Објавата предизвика различни реакции. Дел од корисниците се согласија со Роговска и ја пофалија Полска, додека други предупредија дека безбедноста не може да се проценува врз основа на една вечерна прошетка, ниту пак да се споредува меѓу државите без дополнителен контекст.
Во коментарите се дискутираше и за тоа колку официјалните податоци за криминалот воопшто можат директно да се споредуваат. Евростат предупредува дека разликите во законите, полициските практики и подготвеноста на граѓаните да пријават кривични дела можат да влијаат врз бројот на официјално регистрирани случаи.
Што покажуваат податоците?
Податоците на Евростат од истражувањето за родово базирано насилство покажуваат дека Полска е меѓу земјите со најнизок процент на жени кои пријавиле насилство од лица кои не се нивни партнери. Во истражувањето спроведено за периодот опфатен со бранот податоци од 2021 година, такво искуство пријавиле 8 отсто од жените во Полска.

Сепак, тоа не значи дека жените во Полска не се соочуваат со насилство или дека секој дел од земјата е подеднакво безбеден. Личното чувство за безбедност, исто така, не може да биде замена за пошироката слика.
Според најновите податоци на Евростат, полицијата во Европската Унија во текот на 2024 година регистрирала 256.302 кривични дела на сексуално насилство, меѓу кои 98.190 силувања. Евростат притоа посебно предупредува дека поголемиот број пријавени случаи може да биде поврзан и со поголемата подготвеност на жртвите да го пријават насилството.















