Енцо Фернандез го замени Челси со Манчестер Сити во еден од најатрактивните трансфери во летниот преоден рок, а допрва ќе се види како ќе се вклопи во новата средина и каква ќе му биде втората соработка со Енцо Мареска.
Но, она што уште отсега е јасно е дека Аргентинецот стана прв фудбалер кој реализирал два трансфера вредни над 100 милиони фунти, подвиг кој досега поради различни околности не го реализирале и многу поквалитетни и попознати играчи.
Челси плати 107 милиони фунти за да го добие Фернандез од Бенфика пред три години, за сега тој да биде дел од трансфер вреден 125 милиони фунти.
Пресреќни за развојот на настаните се и во раководството на аргентинскиот гигант Ривар Плата, кој од Енцо веќе заработи речиси 50 милиони фунти.
Како што одбележува „Сан“, Бенфика платила околу 15 милиони фунти за првиот европски трансфер на Аргентинецот, за по краток период да добие 25 милиони фунти бидејќи имала 25 проценти од правата над Енцо во моментите кога тој правеше трансфер во Челси.
Ривер Плата нема таква привилегија за трансферот од Челси во Сити, но затоа ќе и припадне околу 4 проценти од трансферот како дел од правилата на ФИФА за солидарност. Тоа е сума од отприлика 5 милиони фунти, што значи дека аргентинскиот клуб се приближи до вкупна сума од 50 милиони фунти од кариерата на Фернандез.








