Салах добил син, неговата сестра го објавила невообичаеното име

Дерби

03/09/2026

14:17

205

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах ја напуштил Турција и се вратил во Англија за да биде покрај сопругата која деновиве донела на свет трето дете во семејството на фудбалерот.

Трабзонспор му дозволил на египетскиот интернационалец да отпатува на островот каде сè уште живее неговото семејство, а по две ќерки, Салах сега добил и син.

Иако фудбалерот досега јавно не ги коментирал последните случувања, неговата сестра преку социјалните мрежи му посакала добредојде на бебето, кое добило и невообичаено име.

Како што пренесуваат медиумите, египетските фанови реагирале дека името Лeил е несекојдневно, но потенцијалниот наследник на големата фудбалска ѕвезда ќе биде препознатлив токму како Лeил Салах.

Интересно е што претседателот на клубот, Ертугрул Доган објавил дека речиси истовремено и голманот Андре Онана имал сличен повод за посета на семејството, а неговата сопруга родила близнаци.