Преодниот рок во Англија заврши, но Ливерпул денеска претстави засилување кое допрва ќе треба да се избори за посакуван статус во редовите на „црвените“.
Се работи за талентираниот француски тинејџер Џилиан Енгесан, кој уште минатата сезона дебитираше во првиот тим на Ст.Етјен и постигнал 1 гол на 13 натпревари.
Енгесан е младински репрезентативец на Франција, напаѓач кој минатата година бил прогласен за член на најдобриот тим на ЕП до 17 години.
Ливерпул ќе плати само 5 милиони фунти за овој трансфер, во моментов има преддоговор со Французинот, а официјалниот договор ќе биде потпишан во јануари.
Сезонава Енгесан игра како позајмен играч во Брест, во рамките на напорите на Ливерпул да остане во најсилната француска лига и да собира искуство на натпреварите со најдобрите екипи од оваа земја.








