Зверев „заглави“ пет часа за победа во пет сета, Монфис го одигра последниот грен-слем дуел во кариерата

Дерби

04/09/2026

11:00

135

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев обезбеди следна рунда на Ју-Ес Опен, но еден од кандидатите за највисок пласман мораше да остане речиси пет часа на теренот за да го победи амбициозниот Кентан Алис.

Французинот испорача силен отпор кој подразбираше играње пет сета, Зверев два пати поведуваше со 6:4 и 7:6, а противникот возвраќање на ист начин.

Петтиот сет во доцните часови во Њујорк му припадна на Германецот со 6:3, со што Зверев како втор носител обезбеди дуел со Табиљо во шеснаесетфиналето на овој грен-слем турнир.

Грен-слем приказната заврши за Гаел Монфис, кој утринава загуби од Лернер Тиен со 3:0 во сетови, па Французинот им се заблагодари на американските фанови во ситуација кога ова за него беше последен меч во кариерата на турнирите од големата четворка.

Монфис ќе одигра уште неколку турнири годинава и ќе се збогува од тенисот на Мастерсот во Париз.