Италијанската манекенка Бјанка Балти, прошета по црвениот тепих вчеравечер. Ова беше едно од нејзините први поголеми појавувања по борбата со ракот на јајниците.
Синоќа започна 83-от Филмски фестивал во Венеција, познатата Мостра, а со него и црвениот тепих, по кој прошета познатата италијанска манекенка Бјанка Балти. На премиерата на филмот „Ink“, таа блеска како вистинска хероина.
Бјанка Балти (42) пристигна во Венеција. Прво се претстави во полежерен фустан од Брунело Кучинели, а потоа се појави на црвениот тепих во драматичен, гламурозен фустан со ангелски крилја.

Нејзиното модно издание од церемонијата на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција ги воодушеви љубителите на модата, а за нејзиниот стајлинг пишуваше и британскиот „Вог“. Ова е едно од нејзините први големи јавни појавувања по борбата со ракот.
Бјанка Балти во 2022 година откри дека носи генетска мутација BRCA1, која драстично го зголемува ризикот од развој на рак на дојка и јајници. Поради оваа причина, на крајот од истата година, таа се подложи на проактивна, превентивна двојна мастектомија.

Веднаш била подложена на итна операција, а потоа поминала низ интензивни циклуси на хемотерапија, кои ги завршила на крајот на јануари 2025 година.
Во текот на целиот процес, таа отворено ја споделувала својата борба на социјалните мрежи. Веќе во февруари 2025 година, таа се појавила на фестивалот Санремо гордо покажувајќи ја својата кратка коса по терапијата. Денес, таа активно учествува во глобални кампањи за развој на првите ДНК тестови за рано откривање на рак на јајници.
На Бјанка Балти ѝ бил дијагностициран рак на јајници во стадиум 3C. Ова значи дека ракот се проширил надвор од карлицата кон абдоменот и блиските лимфни јазли.

Познатата Италијанка го заврши својот последен, интензивен циклус на хемотерапија на 27 јануари 2025 година. Таа истакна дека ова е крајот на најтешката фаза од терапијата.
Бидејќи ѝ беше дијагностициран напреден стадиум 3C, лекарите ја предупредија дека оваа болест бара долгорочно следење. Од медицинска гледна точка, целосно излекување се смета за ремисија што трае пет години без враќање на болеста. Бјанка редовно оди на прегледи и тестови.
Во текот на оваа и минатата година, таа активно се врати во јавниот живот. Гордо го покажува својот природен раст на косата по хемотерапијата, вежба, оди по црвени теписи и јавно ги истакнува своите лузни како симболи на сила и преживување. Во Венеција ја поддржува нејзиниот партнер Алесандро Кутрера.












