Дани Себалјос се раздели со Реал Мадрид по крајот на минатата сезона и како слободен фудбалер можеше да ја избере новата средина.
Помина скоро цело лето пред тој да пресече и прифати понуда, понуда со која дефинитивно останува во татковината.
Играчот од средината на теренот одлучи да се врати во Реал Бетис, тим за кој настапуваше во младинските категории, вториот состав пред да дојде до најдобрата екипа каде настапуваше до 2014 до 2017 година по што преку Реал Мадрид и Арсенал се врати во „зелено-белите“ од Севилја.
Се работи за договор до 2029 година.
𝗧𝗿𝗮𝗶𝗴𝗮𝗻 𝗱𝗲 𝘃𝘂𝗲𝗹𝘁𝗮 𝗮 𝗖𝗲𝗯𝗮𝗹𝗹𝗼𝘀. pic.twitter.com/VCtt0tvTwX
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) September 1, 2026








