Зверев го доби маратонот од пет часа, Монфис победи и доби роденденска честитка од публиката

Дерби

02/09/2026

11:29

83

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев ја има улогата на прв носител на Ју-Ес Опен, а како еден од фавортите за пехарот имаше навистина тежок почеток на турнирот, меч од пет сета и пет часа кој на крајот успеа да го добие.

Германецот беше подобар од Лоренцо Сонего и тоа со пресврт со 6:4, 3:6, 6:7 (7), 7:5, 6:4. Зверев имаше доста проблеми, Сонего се покажа како тврд орев, меѓутоа Саша покажа карактер, ги издржа сите тешки моменти и обезбеди билет за второто коло каде го очекува уште еден европски предизвик, Квентин Алис од Франција.

Ветеранот Гаел Монфис беше подобар од Адолфо Даниел Ваљехо со 3-1 во сетови (2-6, 6-1, 6-2, 6-0). Со ова Монфис на идеален начин го прослави 40. роденден за кој доби честитки од навивачите кои му пееја „Happy birthday“ на „Луис Армстронг“.