„Сините“ бесни: Челси остана без договореното засилување од 55 милиони евра

Дерби

02/09/2026

11:33

98

Големина на фонт

а а а

Челси кажа „ДА“ за понудата за Енцо Фернандез од страна на Манчестер Сити, трансфер кој се реализираше во самата завршница на преодниот рок, фаза во која премиерлигашот сакаше да ја пополни настанатата дупка со ангажман на Ламин Камара од Монако.

Цел ден траеше таа приказна, играчот доаѓа, па не доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ за да на крајот се биде подготвено за трансфер вреден 55 милиони евра.

И кога се очекуваше промоција на Камара се случи нов пресврт, Монако одлучил да ја откаже зделка и трансферот на Сенегалецот официјално е пропаднат. Сосема очекувано „сините“ се бесни поради ваквиот потег на францускиот прволигаш кој според некои информации мораше да продаде некој играч за да поради финансискиот фер плеј.

На крајот Камара остана во малото кнежество, но и напаѓачот Фоларин Балогун чиј трансфер во Евертон исто не се реализираше и останува да се види дали и како Монако ќе се справи со оваа ситуација ако навистина мора да продаде некој играч поради финансиски причини.