Прогласен зборот на годината за 2026 година

Точка

29/10/2026

13:42

161

Големина на фонт

а а а

Зборот „maxxing“, кој означува настојување нешто максимално да се унапреди или оптимизира, е прогласен за збор на годината за 2026 година на страницата „Dictionary.com“.

Овој збор наводно победил поради наглиот пораст на неговата употреба во различни области од животот, од исхраната и вештачката интелигенција до физичкиот изглед и животните навики.

„Maxxing“ постои во различни облици со децении, но неговата популарност во последните години ја поттикна изразот „looksmaxxing“, кој означува вложување големи напори во подобрување на физичкиот изглед и потекнува од онлајн заедници, вклучувајќи ги и инцел-групите, пишува „Гардијан“.


Директорот за лексикографија во „Dictionary Media Group“, Стив Џонсон, изјави дека изразот се издвоил бидејќи се користи во различни контексти, како „proteinmaxx“ за исхрана, „tokenmaxx“ за користење вештачка интелигенција и „cozymaxx“ за опуштање.

Лингвистката Кели Рајт и нејзините колеги ја документирале употребата на овој јазичен образец уште од 1990 година, кога се појавил во контекст на играта „Dungeons and Dragons“, преку објавите на форумот „4chan“ во текот на 2010-тите, па сè до изразите како „vibemaxxing“ и „vocabularymaxxing“ во 2025 година.


Според податоците на „Dictionary.com“, до август годинава зборот во дигиталните медиуми се користел 19 пати почесто од неговиот месечен просек во текот на 2025 година.

Истражувачите предупредуваат дека постојаната тежнеење кон оптимизација може да поттикне прекумерно самонабљудување и самокритика, како и стремеж кон идеализирана верзија на себеси.


Лингвистите, сепак, сметаат дека изразот би можел да опстои бидејќи го користат и луѓе на средна возраст и корпоративни брендови, иако е тешко да се предвиди колку долго ќе остане популарен.