Му се слошило и паднал од висина: Тешко повреден работник од Скопско

Макфакс

31/08/2026

13:10

77

Големина на фонт

а а а

Работник од скопско, кој извршувал работни задачи во објект во изградба во Карпош, паднал од висина откако му се слошило, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болница.

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(49) од с.Студеничани, скопско.

Според пријавеното, околу 15:00 часот, додека извршувал работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Карпош, му се слошило и паднал од висина.

За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.