Јувентус ќе се обиде да реализира уште некој трансфер до крајот на преодниот рок, а една операција е пред официјализирање и комплетирање.
Откако не успеа да го добие потписот на Франк Кеси калчолигашот се фокусираше на репрезентативецот на Сенегал, Папе Матер Сар од редовите на Тотенхем.
Последните информации од повеќе извори говорат дека „бјанконерите“ и „петлите“ успеале да пронајдат заеднички јазик и Сар ќе слета во Торино. Се работи за позајмица во која е вклучена клаузула за откуп на договорот под одредени услови.
Целиот пакет вреди околу 30 милиони евра.
Во исто време Јувентус работи и на ангажман на нов напаѓач, прво избор а Зиркзе од Манчестер Јунајтед, а интерес има и за Волтемаде од Њукасл.








