Реал Мадрид на перфектен начин ја отвори сезоната 2026/2027, три победи на три натпревари против Еспањол, Реал Сосиедад и Малага.
На сите три средби улогата на стартер ја имаше Џуд Белингам, а за довербата од страна на Жозе Мурињо одговори на најдобар можен начин со директен, конкретен придонес во сите соочувања.
Беше стрелец против Еспањол, запиша две асистенции против Сосиедад, додека против Малага одново реализираше и го отвори патот до посакуваниот резултат.
- Повторно имам чувство на поголема слобода во играта, слобода да одлучам кога да се вратам, кога да одам напред и кога да трчам пред голот. Оваа позиција е најдобра за мене бидејќи ми овозможува да ги покажам сите мои квалитети. Му благодарам на тренерот за довербата што ми ја покажа и што ми даде можност да играм на овој начин, -порача Англичанецот кој со ова ја посочи главната причина за одличната форма.
Џуд говореше и за новите имиња во екипата.
- Тие оставија многу силен впечаток кај сите нас во групата, и како луѓе и, што е многу важно, како фудбалери. Тие се снаоѓаат добро. Не е лесно да се дојде во клуб кој е секогаш под голем притисок, а кој има и нов тренер и нов тренерски штаб. Тие се адаптираа без никакви проблеми и задоволство е што се тука“, додаде Белингам.








