Челси славеше и на вториот меч во оваа сезона и заедно со Хал Сити и Манчестер Сити се единствените три екипи со 100 процентен учинок на стартот на натпреварувачката 2026/2027, група на која може да и се приклучи и Арсенал ако вечерва слави на незгодното гостување во Бирмингем кај реновираната Астон Вила.
„Сините“ ги добија Брајтон и Фулам, но веќе во наредната рунда следи најголемиот тест, гостување кај шампионот Арсенал.
Менаџерот Чаби Алонсо не се плаши од овој предизвик и испрати јасна порака, предупредување до актуелниот првак и воедно лондонски ривал.
- Сакам да победам и ќе направам сè што е потребно за да победам. Секој натпревар може да биде различен, па затоа треба да се подготвиме за најдоброто. Треба да тренираме за најдоброто и да бидеме подготвени за какво било сценарио што го имаме, па затоа ова нема[настап] да се повтори против Арсенал…
- Ова беше голем предизвик и голем тест, а следната недела ќе биде голем, но можеме да продолжиме да напредуваме кон добрите работи и да ги исправиме другите што можеме да ги направиме подобро, -порача Шпанецот.








