Ван Дајк со совет до управата на Ливерпул: Мора да остане, треба да ги…

Дерби

31/08/2026

11:26

180

Големина на фонт

а а а

Ливерпул има еден чуден преоден рок за негови стандарди, преоден рок кој може да биде завршен со неколку „бомби“, влезни и излезни трансфери на „Енфилд Роуд“.

Францускиот репрезентативец Бредли Баркола ќе пристигне од Пари Сен Жермен, но премиерлигашот може да остане без Коди Гакпо, играчот кој покажа најмногу во првите две кола од новата сезона во Премиер лигата.    

Манчестер Сити притиска за негов трансфер, Гакпо е заинтересиран и наводно веќе ги договорил личните услови и сега останува само клубовите да ја затворат зделката. Капитенот Вирџил Ван Дајк не е среќен поради ова и се надева дека сонародникот ќе остане и продолжи да му биде соиграч.

- Тој е квалитетен играч и мислам дека треба да ги задржиме квалитетните играчи. Но, ќе видиме што ќе донесат наредните денови.

- Очигледно сакам да остане. Не само затоа што е квалитетен играч, туку и затоа што ми е пријател. Мислам дека ќе биде многу важен за нас, - порача Вирџил.