ВМРО-ДПМНЕ се пофали: Платите за 23 месеци пораснаа за над 8.600 денари

Макфакс

29/08/2026

09:40

177

Големина на фонт

а а а

Статијата објаснува дека платите и пензиите во Македонија значително пораснале за време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со акцент на зголемувањето за 23 месеци, во споредба со претходниот период на владеење.

Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо, што директно придонесува за подобрување на животниот стандард и за поголема економска сигурност на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако направиме директна споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ, разликата е очигледна. Кога СДС дојде на власта, во јуни 2017 година просечната плата изнесувала околу 22.800 денари, а до периодот на заджување на власт, мај 2024 година достигнала 41.250 денари, што значи дека за период од седум години просечната плата се зголемила за повеќе од 18.400 денари, односно со просечен месечен раст од околу 220 денари.

За разлика од тоа, во јули 2024 година, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го презеде мандатот, просечната плата изнесувала околу 40.900 денари, додека во мај 2026 година достигнала над 49.500 денари, што претставува зголемување од околу 8.600 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од над 370 денари или околу 70%.
Ова покажува дека во периодот на оваа Влада, наспроти критиките на опозициската СДС, платите растат со значително поголема динамика.
Уште појасна е разликата кај пензиите, каде што политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носат конкретно зголемување на месечните примања на пензионерите и поголема сигурност за оваа категорија граѓани. Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари, а во мај 2024 година достигнала над 22.900 денари, што значи дека за седум години таа се зголемила за речиси 7.700 денари, односно за околу 90 денари.

Од друга страна, во јули 2024 година просечната старосна пензија изнесувала околу 22.850 денари, а во мај 2026 година достигнала над 29.700 денари, што претставува зголемување од повеќе од 6.800 денари за само 23 месеци, односно за околу 300 денари месечно или 325%. Ова е јасен показател дека пензиите, исто како и платите, во периодот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат со значително побрзо темпо во споредба со претходниот период на владеење на СДС и ДУИ.

Овие бројки се доказ дека економските политики даваат конкретни резултати и граѓаните можат директно да ги почувствуваат во своите семејни буџети.

Разликата меѓу двете политики е јасна, додека претходната власт ништо не направи, а имаше години на располагање да го подобри животниот стандард на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за значително пократок период успева да обезбеди посилен раст на приходите и да создава услови за повисок животен стандард.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не застанува тука, туку продолжува со политики насочени кон повисоки плати и пензии, привлекување нови инвестиции, отворање нови работни места и создавање посилна и поконкурентна економија“.