[ФОТО] Во сообраќајка во Словенија загинаа три лица од Македонија, од кои две деца

Макфакс

28/08/2026

11:36

4.964

Големина на фонт

а а а

Словенечката полиција пријави тешка сообраќајна несреќа на автопатот А1 во близина на Унец, во која загинаа три македонски граѓани, вклучувајќи две деца. Министерството за надворешни работи потврдува дека македонската амбасада е во контакт со словенечките институции за натамошна постапка.

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Словенија загинаа тројца македонски државјани, од кои две деца.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека до македонската амбасада во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец.

„Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани“, соопштија од Министерството.


Од таму информираат дека случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката“, велат од МНР.

фото/Depositphotos