Загина работник во Елшани, паднал од бандера

Макфакс

28/08/2026

14:40

146

Големина на фонт

а а а

Вработен во телекомуникациска компанија загина во Елшани, Охрид, откако паднал од бандера додека извршувал работни задачи. На местото на настанот извршен е увид од надлежни лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вработен во телекомуникациска компанија загина додека извршувал работни задачи во Елшани, Охрид.

Според информациите на МВР, вчера во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Н.К.(48) од охридското село Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, при извршување работни задачи во селото Елшани, паднал од бандера.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.