[ФОТО] Маче родено со 29 прсти го собори Гинисовиот рекорд: „Тоа дефинитивно беше чудо“

Точка

27/08/2026

15:14

427

Големина на фонт

а а а

Мачето од расата Мејн кун, Еребус Аномали, од Висконсин е запишано во Гинисовата книга на рекорди бидејќи е родено со 29 прсти, што е најголемата бројка некогаш забележана кај мачка.

Еребус Аномали припаѓа на расата Мејн кун, за која се наведува дека е особено склона кон полидактилија, генетска аномалија поради која некои мачки имаат невообичаено голем број прсти. Претходниот Гинисов рекорд изнесувал 28 прсти, а во 2002 година го поставил канадскиот мачор Џејк. Истата бројка во март ја достигнал и мачорот Тоби од Мичиген.


Сопствениците Кендра Ванденблумер и Хантер Нет од Каукауна, кои ја водат одгледувачницата „BlueNorthern Maine Coons“, рекле дека веднаш по раѓањето се посомневале дека Еребус би можел да го собори рекордот. Патот до официјалното признавање следел по здравствена криза, кога забележале дека дише на уста.

Ветеринарот во итната служба му дијагностицирал воспаление на белите дробови, па мачето било сместено во кислородна комора и добило терапија. И покрај тешката состојба, мачето закрепнало, а сопствениците исходот го опишале со зборовите: „Тоа дефинитивно беше чудо“.

Рендгенските снимки направени во амбулантата подоцна послужиле како клучна документација за пријавата до Гинис. Организацијата на 13 мај официјално го потврдила рекордот и го впишала Еребус на својата веб-страница.


Неговите сопствениции на социјалните мрежи напишале:

„Лудо е да се помисли дека еден од најстрашните моменти во неговиот живот директно водел кон почетокот на неговиот пат до светскиот рекорд“.

Кога новинарите на „Еј-би-си“ ги прашале дали планираат да го дадат на вдомување на друго место, тие одговориле дека Еребус останува со нив.