Фенербахче го елиминираше Лион, провокаторот Гендузи направи невиден хаос по крајот на мечот

Дерби

27/08/2026

12:24

187

Големина на фонт

а а а

Матео Гендузи пристигна со статус на „персона нон грата“ на „Олимпик Парк“, а по крајот на натпреварот си замина од стадионот како човек кој е убедливо најомразен во градот Лион.

Гендузи како поранешен играч на омразениот ривал Марсеј влезе со провокативен настап уште за време на загревањето кога им покажуваше среден прст на навивачите на Лион, а како што одминуваше натпреварот, тензијата го достигна врвот.

Фенербахче успеа да победи со 1:2 и се пласираше во главната фаза во Лигата на шампиони, па веднаш по крајот на последниот судиски свиреж, Гендузи со провокативната прослава предизвика невиден хаос на теренот.

Некогашниот француски репрезентативец предизвика огромен револт меѓу играчите на Лион и настана огромен хаос на теренот, а тоа беше причина и за неверојатни турканици и мешаница во подтрибинскиот простор.

Гендузи ја оствари целта и успеа да направи неверојатен циркус со своето недолично однесување, па сатисфакцијата за него е уште поголема ако се знае дека оваа елиминација на Лион донесе и огромна радост во градот Марсеј.