Познат изгледот на четирите шешири пред ждрепката во ЛШ

Дерби

27/08/2026

11:56

154

Големина на фонт

а а а

АЕК, Слован, Фенербахче и Викинг ги пополнија последните четири места во главната фаза во Лигата на шампиони, а во пресрет на денешната ждрепка која е закажана за 18:00 часот, УЕФА го одреди и изгледот на четирите шешири.

Со оглед на новиот распоред кој е на сила веќе трета сезона, Лигата на шампиони брои 36 тима во главната рунда и секој тим ќе добие по два ривали од секој квалитативен шешир, а пред ждрепката која ќе биде актуелна во Монако денеска попладне, добро е да се знае како изгледаат сите четири барабани од по девет екипи.

Во првиот шешир предничи европскиот шампион ПСЖ, а тука се уште Баерн Минхен, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал, Интер, Барселона и Атлетико Мадрид.

Во вториот барабан се Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон, Рома, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Клуб Бриж, Бетис и ПСВ, а уште по девет екипи се распоредени во последните два шешири.

Ждрепката која ќе се одржи денеска ќе биде случување број еден во Европа, па набрзо после тоа, ќе биде објавен и комплетниот распоред за натпреварувањето кое треба да стартува на 8-ми септември.