Мурињо за неочекуваните сцени во победата од 4:1: Свирежите нема да повредат никого

Дерби

27/08/2026

12:18

226

Големина на фонт

а а а

Новиот Реал Мадрид на Жозе Мурињо вчера се претстави на „Сантијаго Бернабеу“, па иако се соочи со одредени проблеми во првото полувреме, во второто целосно го нокаутираше Реал Сосиедад и на крајот победи лесно со 4:1.

Реално гледано, домаќините можеа да постигнат и многу повеќе погодоци во вторите 45 минути, но Мурињо си замина од теренот со голема насмевка на лицето, особено и поради фактот што ова за него претставуваше „второ деби“ во храмот на „кралевите“.

Иако на крајот се беше перфектно за него, во првиот дел се слушаа и исвиркувања кога тимот не изгледаше најинвентивно на теренот, но Мурињо смета дека токму таквите високи барања од публиката ќе го однесат неговиот состав на уште повисоко ниво.

– Добар дел од оние кои сме тука, знаеме што може да очекуваме на „Бернабеу“ и благодарен сум на Бог што е така. Високите барање се последица на неговата историја. Навивачите кои доаѓаат тука, плаќаат билети за да доживеат емоции, а ние сме на теренот затоа што имаме способност да останеме мирни во тешки услови.

– Се соочивме со тим каков што не очекувавме во првото полувреме, а во тој дел добивме свирежи бидејќи навивачите очекуваат Реал да доминира, доминира и само да доминира. Тимот остана мирен, не се внесе паника и сметам дека неколку свирежи нема да повредат никого. Свирежите ќе ви помогнат само да растете. Во Шпанија тимовите не се како во другите лиги, туку никој не се плаши од ривалот и сака да игра фудбал. Има добри играчи, добри тренери и добри екипи, – изјави Мурињо.