Алегри: Има еден изразит фаворит, но дури осум тима може да се вклучат во трката за Скудетото

Дерби

27/08/2026

11:55

159

Големина на фонт

а а а

По една тешка и интензивна сезона која ја мина во Милан, Масимилијано Алегри си замина од „Сан Сиро“ и се одлучи брзо да се впушти во нов проект, или поточно презема тим кој исто така ќе има големи амбиции во новата натпреварувачка сезона.

Наполи ја заврши ерата „Антонио Конте“ и почнува одново со Макс Алегри како предводник на тимот, а италијанските букмејкери го гледаат составот на искусниот стручњак како најдостоен да се бори за титулата во друштво на Интер.

Алегри самиот призна дека наследил добро разработен тим до извонреден систем од Конте, но за него изразит фаворит за Скудетото останува актуелниот шампион Интер кој дополнително се засили ова лето.

– Интер е изразит фаворит, тоа ќе биде тимот кој сите ќе сакаат да го победат како бранител на титулата. Сепак, покрај Интер, уште седум тима треба да се држат на око.

– Покрај ние и Интер, во трката за Скудетото ги гледам и Милан, Јувентус, Рома, Фиорентина, Комо и Аталанта, – порача Алегри.