Ѓоковиќ за непријатната драма во Австралија: Јелена ме предупреди да не го пишувам тоа

Дерби

21/08/2026

12:08

178

Големина на фонт

а а а

Документарниот серијал посветен на дел од кариерата на Новак Ѓоковиќ донесе интересни детали поврзани со тенисот, но и неговиот приватен живот, а во него е опфатено и трауматичното искуство на српскиот тенисер кој беше депортиран од австралиските власти во 2022 година.

Ѓоковиќ не беше вакциниран за корона вирусот и не доби дозвола да влезе на австралиска територија и да учествува на Аустралијан Опен, а сега вели дека можеби немало да му се случи таа драма ако ја послушал својата сопруга Јелена.

Дента пред да патува за Австралија, Ѓоковиќ објави Инстаграм пост на кој им најави на фановите дека тргнува кон оваа земја и дека ќе влезе со специјална дозвола, алудирајќи на фактот што го прележал вирусот и не му е потребна вакцина.

– Не бев вакциниран, но прележав корона два пати во последните шест месеци и се квалификував за таа „специјална дозвола“. И кажав на сопругата дека сакам да го објавам тој пост, а таа ми рече дека нема причина за такво нешто. Ми посочи дека можам само да напишам дека патувам кон Австралија, дека сум возбуден и слично, – открил Новак.

– Тој навистина инсистираше гласно да каже дека не е вакциниран, а јас не се сложував со тоа.

– Му реков, тоа е твој избор, но не мора да го објаснуваш, затоа што има луѓе кои размислуваат поинаку. И од моментот кога го објави тоа на Инстаграм, почна пеколот… се сеќава Јелена Ѓоковиќ.