Барселона го положи и вториот тест во Лигата на шампионите, славеше над Галасатарај во Истанбул со 4-1.
Каталонците одиграа перфектно второ полувреме во кое комплетно издоминираа, додека во првиот дел им фалеше завршен пас и реализација пред да дозволат во првата шанса на противникот да постигне гол, а потоа набрзина евтино да примат и втор кој за нивна среќа беше поништен со ВАР поради офсајд ситуација.
Во финишот на првиот дел Кансело изедначи на 1-1, па во преостанатиот дел пристигнаа погодоците на Фермин, Гордон и Адејеми.
Барса за многумина во овој момент важи за топ фаворит за пехарот во ЛШ, титула која на „Камп Ноу“ се чека повеќе од деценија, но ова е специфично натпреварување и тоа многу добро го знае Родри кој како лидер ги предупреди соиграчите што мора да поправат и каде како тим мора да бидат подобри и повнимателни затоа што во Европа секоја грешка, слабост скапо се плаќа.
-Знаеме дека кога играме во Европа, постојат одредени работи на кои треба да внимаваме. На пример, тие дадоа гол по првата шанса. Треба да се подобриме во тој поглед, а тие можеа да постигнат втор гол.
-Пораката е јасна: можеби во текот на тие десет прилично френетични минути што ги поминавме, кога го примивме голот, треба да останеме малку посмирени. Тоа е лекцијата што ја научивме, -порача шпанскиот репрезентативец.





