Ливерпул испратил понуда од 50 милиони фунти за премиерлигашки играч, ривалот ја одбил без размислување

Дерби

21/08/2026

10:36

112

Големина на фонт

а а а

Раководството на Ливерпул се обидело да го засили тимот на Андони Ираола со фудбалер на ривалски клуб од Премиер лигата, но за реализција на овој трансфер очигледно ќе треба поголема инвестиција.

Медиумите пренесуваат дека „црвените“ испратиле понуда за Јанкуба Минте тешка 50 милиони фунти, но Брајтон истата ја одбил како несоодветна.

22-годишниот крилен напаѓач од Гамбија има 10 голови и 9 асистенции на 73 настапи за „галебите“, а очигледно дека Ираола го смета за соодветно решение на десната крилна позиција, каде се отвори голем простор по заминувањето на Мо Салах.

Минте во моментов се рехабилитира од повреда која ја заработи на пријателскиот натпревар со Рома, но неговата пауза не треба да трае уште долго, а останува да се види дали Ливерпул ќе се врати со втор обид и поголема отштета за поранешниот играч на Њукасл.

Во меѓувреме, Бредли Баркола останува приоритет, но барем засега нема напредок во комплицираните преговори со европскиот шампион ПСЖ.