Ефенберг за ситуацијата со Мусиала: Баерн мора да направи една работа

Дерби

21/08/2026

10:58

138

Големина на фонт

а а а

Здравствените проблеми на Џамал Мусиала предизвикаа загриженост во Германија и кај светската фудбалска јавност, а тоа нема да се промени и покрај смирувачките изјави од страна на фудбалерот и фактот што тој е свесен за невролошката дијагноза, која беше причина да колабира два пати во неколку дена.

Мусиала веројатно ќе го пропушти дуелот со Борусија Дортмунд, но се очекува да се врати за стартот на Бундеслигата, а во меѓувреме легендарниот Штефан Ефенберг испрати јасна порака до Баерн Минхен.

Според него, клубот треба да реагира веднаш и да излезе со соопштение поткрепено од специјалисти во областа.

– Очекувам Баерн, во најдобро сценарио заедно со невролошки специјалист, да излезе со соопштение за состојбата на својот фудбалер.

– Мора да обезбедат целосна транспарентност за да се добие одговор на сите прашања, а ако решат да премолчат, тоа ќе биде голема грешка. Ќе си направат противуслуга себеси, но и на Мусиала, затоа што секогаш кога овој проблем ќе станува актуелен, Баерн ќе биде под голем надворешен притисок, – рекол Ефенберг, кој потенцира дека и фудбалерот сега ќе биде пред два предизвика.

– Џамал сега ќе треба да се соочи со два предизвика одеднаш. Не само што ќе треба да се носи со невролошката дисфункција, туку и со менталниот притисок предизвикан од големиот аудиториум кој сега внимателно ќе следи и ќе се плаши за него секогаш кога е на теренот.