Де Јонг доби студен пречек на „Камп Ноу“, Барселона бара решение за негово заминување

Дерби

20/08/2026

14:04

225

Големина на фонт

а а а

Френки де Јонг се наоѓа во комплицирана ситуација во редовите на Барселона, а трпението со него го загубија и навивачите, чија реакција на вчерашната промоција на „Камп Ноу“ објаснува многу работи.

Честите повреди на холандскиот репрезентативец никогаш не му овозможија да го искористи целосно својот потенцијал, а вчера се слушнаа и свирежи кога тој се појави на теренот пред дуелот со Ал Ахли.

„Спорт“ тврди дека расположението на фановите е правопропорционално со тоа кај раководството на Барселона и клубот веќе решил дека сака да се ослободи од Де Јонг.

Иако во минатото беше избегнато такво сценарио, ситуацијата кулминирала откако Де Јонг наводно одбил да се оперира и избрал конзервативен начин за рехабилитација по последната повреда заработена на мундијалот.

Идеално, Барса би сакала да го продаде Холанѓанецот уште до крајот летниот преоден рок, иако неговата принудна пауза ќе трае уште неколку недели.

Тренерот Ханси Флик индиректно го потврди ставот на клубот откако не му ја даде капитенската лента на Де Јонг, туку на Рафиња. Тер Штеген и Араухо заминаа, а такво нешто може да се очекува и за ланскиот трет капитен, Френки де Јонг.