Шерингам со поинаков став од низа легенди: Тој не е доволно добар за Јунајтед

Дерби

21/08/2026

07:47

348

Големина на фонт

а а а

Јури Тилеманс го чинеше Манчестер Јунајтед само 35 милиони фунти и тоа е сума која изгледа нереално на трансфер пазарот во Англија во последните неколку години, но истата беше активна само поради специјална клаузула во договорот на Белгиецот.

Јунајтед го искористи тоа и доби докажан играч за врска за одлична сума на пари, а токму поради цената која се разликува од она што беше платено за еден Морган Роџерс и Елиот Андерсон, добар дел од легендите го нарекоа овој потег како „трансфер на летото“.

Џон Оби Микел, Рио Фердинанд, Ники Бат и Вејн Руни сметаат дека Јунајтед добил најдобар пакет од еден играч за смешна сума на пари за англиски услови, но една друга легенда не е толку убедена во квалитетот на Тилеманс.

Теди Шерингам порачува дека Јури е добар фудбалер, но не гледа во него икс-фактор кој ќе го направи Јунајтед подобар тим од тоа што беше лани.

– Јунајтед пропушти свои шанси да донесе позвучни играчи како Тонали и Фернандеш, па откако се случи тоа, го доведе Тилеманс. Ако го сакате најдоброто, мора да го одврзете ќесето и да платите, исто како што правеше Сер Алекс Фергусон додека беше лидер на проектот.

– Дали Тилеманс ќе донесе нова возбуда во Јунајтед и дали ќе биде лидер на тимот? Мојот одговор е не. Тој нема да ја промени целосната слика која ја имаме за Јунајтед и нема да ги врати на врвот. Тој е солиден фудбалер, но тоа никогаш не е доволно добро