Барселона втора недела во низа ја очекува гостување во Валенсија, овојпат кај Леванте каде целта и амбициите е да се дојде до трите бода и да се задржи перфектниот учинок во Примера.
Каталонците имаат повеќе фудбалери кои се расположени и во форма, но ако некој мора да се издвои тоа дефинитивно е новиот капитен на екипата Рафиња кој во оваа кампања игра како „деветка“.
Тој има учинок од осум гола и една асистенција на петте средби во тековната сезона (Ла Лига и ЛШ) и токму поради ова доби комплименти од тренерот Ханси Флик.
-Рафа игра фантастично. Тој е на друго ниво – неверојатен е. Кога е ваков, за мене е еден од најдобрите играчи во светот, -истакна Германецот за кого има и други опции како напаѓач кој е во центарот.
-Рафиња, Габи и Хамза се три различни профили, но постојат и други начини на кои би можеле да играме. Ентони и Карим исто така можат да играат на оваа позиција. Или Дани Олмо. Дани ни покажа во последните две години дека може да игра таму – истото важи и за Фермин Лопез. Имаме многу опции, -порача стратегот.






