Нема хет-трик на Арина Сабаленка на Ју-Ес Опен, а за тоа се погрижи 27-годишната Елена Рибакина која во финалето во Њујорк славеше со 2-1 во сетови.
Ова беше нова голема битка меѓу овие две тенисерки во 2026 година, нова битка во финалните дуели на грен слем сцената и одново Рибакина излезе како победник исто како на Аустралијан Опен.
Нешто помалку од два ипол часа траеше соочувањето за пехарот, Рибакина отвори со 6-4, Сабаленка возврати со 7-5 за да потоа кога е најважно, тенисерката од Казахстан слави убедливо со 6-2 и дојде до третиот пехар на најважните турнири и сега и недостасува само уште победа на Ролан Гарос за да ја заокружи најважната „четворка“ во светот на тенисот.
AO ➡️ USO. Elena completes the sequel 🎬 https://t.co/lUPhKKKkKA
— US Open Tennis (@usopen) September 12, 2026
Воедно таа намали на 10-8 во пресметката со ривалката од Белорусија, плус на новата ранг листа ќе биде на првото место, нешто што од претходно се знаеше.








