Виери: Тој е новиот Лука Тони, ќе дава 30 голови по сезона

Дерби

13/09/2026

07:52

790

Големина на фонт

а а а

Кристијан Бобо Виери беше еден од најдобрите италијански напаѓачи во свое време, ас кој низ кариерата настапуваше за неколку великани како Јувентус, Интер, Милан, но и за клубови како Лацио, Торино, Фиорентина, Аталанта, тимови со голема историја и традиција.

Виери беше вистински гол мајстор и дефинитивно знае да направи добра обсервација и според него членот на Интер, Пио Еспозито ќе стане главен голгетер во Италија, Серија А во наредните години.

-Го гледате Лука Тони? Каков напаѓач: денес го гледам Пио Еспозито во него, дајте му време и ќе видите. Не, тој не е новиот Виери, Пио ќе стане клон на Тони. Дајте му една или две години и ќе постигне 25-30 голови во лигата. Во моментов го учи занаетот со Лаутаро и Тирам, а потоа ќе стане број еден, -вели Бобо кој смета дека Рома е состав кој може да го предизвика актуелниот првак за Скудетото.

-Рома? Со Гасперини и Мален можат да ја освојат титулата во Серија А, дури и ако Интер сè уште е тимот со најсилен состав. Претенденти за титулата, дефинитивно, и тоа не значи дека ќе ја освојат, туку дека ќе бидат во борбата благодарение на доаѓањето на Гасперини.

-Го ставам Интер пред сите бидејќи имаат супериорен квалитет во споредба со другите, распоредени низ целиот состав, и тоа е застрашувачки. За титулата во Серија А тие се големи фаворити, но во текот на сезоната никогаш не знаете што може да се случи. А Рома секогаш ќе биде веднаш зад Интер, подготвена да ги искористи сите можни грешки, -порача некогашниот италијански репрезентативец.