Њукасл ја бара замената за Гимараеш во Манчестер Сити

Дерби

19/08/2026

11:08

200

Големина на фонт

а а а

Њукасл претрпе нови сериозни удари во еден летен преоден рок, бидејќи покрај Антони Гордон и Сандро Тонали, на почетокот на месец август остана и без Бруно Гимараеш.

Овие потези го натераа Еди Хау да си замине од клубот и да ги заврши своите обврски на „Ст. Џејмс парк“, а бидејќи тимот е воден од нов менаџер веќе две недели, сосема очекувано е да се фати и нов курс.

Германецот Матијас Јајсле ќе се обиде да состави нов тим кој ќе има слични амбиции како оној што го водеше Хау, па англиските медиуми сега информираат дека примарна мета на новиот менаџер е да донесе достојна замена за Гимараеш.

Бразилецот беше оној кој беше најконстантен во влечењето на конците во средниот ред, а Јајсле до управата како адекватна замена го предложил Нико Гонзалес.

Шпанскиот играч за врска нема сигурна иднина на „Итихад“ во новиот проект на Енцо Мареска, па во период кога Манчестер Сити се поврзува со Енцо Фернандез и младиот Ајуб Буади, јасно е дека ќе мора да ослободи и дел од играчите кои ги има во тимот.

Тијани Рејндерс е на добар пат да се пресели во Саудиска Арабија, додека Нико сега е примарна трансфер цел на Њукасл и има добри изгледи дека двата клуба ќе се договорат за отштетата.