Пјер Емерик Обамејанг се докажа како расен голгетер во секој клуб чии бои ги бранеше во својата кариера, а така продолжува и на стартот на својата нова авантура во Шпанија.
Обамејанг направи изненадувачки трансфер во Депортиво А Коруња по разделбата со Марсеј и како слободен агент го избра повратникот во елитното друштво, па веќе на првиот натпевар во Ла Лига покажа дека ќе биде големо засилување на „Риазор“.
Некогашната ѕвезда на Борусија Дортмунд, Барселона и Арсенал се претстави пред новите навивачи на најдобар можен начин, креирајќи ситуација за гол од додавање кое многумина не би го ни исконтролирале.
Обамејанг покажа вистинска класа и го постигна првенецот за Депортиво, такашто прво мајсторски ја прими топката со десната нога, а потоа извонредно погоди со лева за 1:0.
Овој гол донесе рана предност за Депортиво во дуелот со Елче, тим кој во вториот дел успеа да се врати и да избегне пораз во воведната рунда во шпанската елита.








